| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка тешкоповредена на концерт на „Сепултура“

Со тешки повреди и во бессознание една девојка што присуствувала на синоќешниот концерт на бразилската група „Сепултура“  во МКЦ е пренесена во болница откако момче паднало врз неа.

Според очевидците, се работи за извесен Ристе, понесен од атмосферата се качувал на рефлекторите, се лизнал и паднал врз девојката која го следела концертот.

– Човекот што се качи на рефлекторите беше тежок. Мислевме дека девојката е мрвта, но мрдаше. Дојде Брза помош и ја однесе – изјави очевидец.

– Како можеше човек од минимум 120 килограми, од 8 метри да скокне право врз девојчето? – коментираат присутните.

Ова не е прв инцидент од ваков тип за момчето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top