Семејството Клинтон беше во банкрот и оптоварено од сметки, кога на претседателот Бил Клинтон му истече претседателскиот мандат, рече Хилари Клинтон
-Семејството Клинтон беше во вистински банкрот, веќе и задолжено. Немавме пари кога таму пристигнавме, се мачевме да собереме средства за хипотека, за куќата за образованието (за ќерката Челси). Знаете, не беше лесно, рече Хилари Клинтон за телевизијата АБЦ.
Републиканците веднаш ја нападнаа Клинтон, која се смета за најсилен кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2016 година, наведувајќи дека нема допир со реалноста.
Бил Клинтон од доаѓањето од Белата куќа во 2001 година, заработи богатство благодарение на хонорарите за говори, а Хилари потоа беше сенаторка од државата Њујорк и потоа државна секретарка во првата администрација на претседателот Барак Обама.
Податоците од Сенатот кои Хилари Клинтон ги достави во 2000 година покажуваат имот меѓу 781.000 долари и речиси 1,8 милиони долари. Истите податоци покажуваат дека Клинтон должеле меѓу 2,3 и 10,6 милиони долари.
Семејството Клинтон, според податоците на Сенатот, ги исплатило своите долгови во 2004 година, а кога Хилари Клинтон се подготвувала да ја преземе функцијата државен секретар во 2009 година, богатството на нејзиното семејство се проценувало на меѓу 10 и 50 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.