| четврток, 6 декември 2018 |

Осветена портата на комплексот Св. Наум во Охрид (галерија)

Градоначалникот  Никола Бакрачески денес присуствуваше на осветувањето и пуштањето во употреба на новоизградената порта  на влезот од манастирскиот комплекс  Св. Наум. Осветувањето   пред бројните верници го изврши митрополитот г. Тимотеј  во сослужение со свештеници од  Дебарско – кичевската епархија.

3ohrid

Сите заедно ќе се сложиме дека просторот на влезот од манастирскиот комплекс Св. Наум изгледаше многу неуредно и ние  како Општина ,веднаш по преземањето на мандатот  стапивме во контакт  со управата на манастирот и со Дебарско Кичевската Епархија под чии ингеренции е манастирот Св. Наум.   Се изведе едно архитектонско решение  кое на општо задоволство на сите беше прифатено како од Секторот за урбанизам при Општина Охрид така и од страна на изведувачите односно управата на манастирот .  На просторот околу манастирот   му  беше потребна уредена површина.  Со  оваа порта  комплексот доби современ уреден лик кој е допадли за сите и за охриѓани и за туристите од земјава и странство, рече градоначалникот Никола Бакрачески, кој потенцира дека градбата е потполно легитимна со почитување на сите правила и норми.

18ohrid

-Секако пред законот се сите исти , тој мора да се почитува и во таа насока имаме целосна соработка со Управата на манастирот  Св.  Наум и Дебарско Кичевската Епархија .   Документацијата е скоро изработена и во принцип сме немале никаков проблем  со  Дебарско –Кичевската  Епархија ниту со управата на манастирот Св. Наум. Цело време сме во тек соработуваме  и во делот   на изработка на урбанистичко планската документација  за овој проект , истакна Бакрачески.

7ohrid

Митрополитот Дебарско -кичевски г. Тимотеј се заблагодари на градоначалникот Бакрачески и општина Охрид за целосната заложба околу реализација на овој проект кој битно го подобрува естетскиот изглед на самиот влез од комплексот, и во таа насока  Г. Тимотеј најави  дека во оваа летна туристичка сезона Дебарско Кичевската Епархија и надлежните служби ќе се  заложат да го нема панаѓурскиот изглед во ова свето место.

4ohrid

Покрај изградбата на портата, во манастирскиот комплекс во Св. Наум поставени се типизирани куќички за продажба на сувенири, изграден е нов санитарен јазол и инфраструктура, а просторот  и хортикултурно  се уредува.

11ohrid

10ohrid

13ohrid

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top