| четврток, 6 декември 2018 |

Саркози предизвика скандал во Швајцарија: Јавно го критикувал федералниот систем!

Поранешниот француски претседател Никола Саркози за малку ќе предизвикал дипломатски инцидент во Швајцарија, каде учествувал на Швајцарскиот економски форум во Интерлакен, објави денеска швајцарскиот весник „Матан“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Саркози, кој бил поканет да зборува пред 1.350 бизнисмени, научници и политичари на економскиот форум во Интерлакен, се впуштил во нагласена критика на швајцарскиот политички систем, при што бил прекинат од поранешниот претседател на Швајцарија, Адолф Оги.

Весникот „Матан“ пишува дека Саркози за време на неговата интервенција побарал да не присуствуваат новинари за да не му поставуваат прашања и да не прават фотографии. Поради тоа, од неговиот настап била пренесена само една вест во која зборува за неговата судбина и евентуалното враќање во политиката

„Матан“ пишува дека оваа дебата се претворила во „уан мен шоу“ на Саркози, што не им се допаднало многу на швајцарските политичари присутни на форумот. Имено, Саркози почнал да го критикува федералниот систем на Швајцарија и нејзиното невелегување во Европската Унија, оценувајќи дека земја не може да биде раководена од претседател кој се менува секоја година, како и дека системот од седум федерални министри е неефикасен.

Весникот не цитира ниту еден од зборовите на Саркози, но Оги повтрдува дека тој го прекинал говорот на поранешниот француски претседател „за да си ја одбрани земјата“. – Отиде предлаеку. Требаше да му се каже стоп. Го прекинав, вели поранешниот претседател на швајцарската конфедерација за „Матан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top