Македонскиот дизајнер коj стана етаблирано име во модната сфера во Словенија по долго боледување од рак, вчера почина на 43 годишна возраст
Во текот на студиите на Факултетот за природни науки, Зоран Гаревки работел на различни места, па запознавањето со разни профили на луѓе и работејќи на проекти, полека започнува да го трасира патот кон словенечката модна сцена.
Прерано згаснатиот живот на Зоран допринесе голем број колеги да го споделат своето искуство со него, зборувајќи исклучително во суперлатив. „Тој беше силен човек кој знаеше како функционираат работите, секогаш релаксиран и спремен да ги насмее сите околу себе. Токму затоа беше омилен меѓу дизајнерите и пријателите“ – изјави Petya Zorec, една од дизајнерките која беше дел од хуманитарната модна ревија организирана во текот на модната недела во Љубљана, со цел собирање на финансиски средства за потребите на модниот дизајнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.