Причините поради кои ви се мрси косата може да бидат различни, од хормонално нарушување, стрес, па и често чешлање на косата. Исто така, косата може дополнително да ја мрсите ако постојано ја допирате со рацете, кога е голема влага или ако се храните нездраво.
Кога ја миете косата секој ден, ја влошувате работата бидејќи шампоните уште повеќе ги иритираат скалпот и косата, што доведува до уште поголемо лачење на лојните жлезди. Затоа, прво треба да појдете од самото миење на косата.
- Задолжително користете шампон што е наменет за мрсна коса или за волумен.
- Кога ја измивате косата, водата нека биде млака бидејќи премногу топлата вода го зголемува мрсењето на косата.
- Меѓу миењата не ја допирајте често и не ја чешлајте премногу косата.
- Фризурата исто така влијае на степенот на мрсење на косата. Шишките можеби во оваа ситуација и не се добар избор бидејќи на нив веднаш се познаваат првите знаци на мрсење.
- Ако можете, носете ја косата врзана во опавче или колку повеќе можете тргнете ја од лицето за помалку да се мрси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.