Ноќта после полноќ изминатиот четврток, во 00:20 часот во ПС Кисела Вода е пријавено дека од ресторанот „Градина“ се слушало пукање од огнено оружје.
Од страна на полицски службеници е излезео на лице место и е констатирано дека за време на семејна веселба-свадба, В.А. од гасен пиштол „екол“ испукал 10 куршуми, а од извршен преглед на околината се пронајдени 10 чаури.
Против В.А. се поднесени прекршочни пријави за сторени прекршоци „неовластено пукање“ од ЗППЈРМ и член 80 од Законот за оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.