
Контролата на летови Австрија (Austro Control) во четвртокот била соочена со целосен прекин на работата на својот систем, а како причина за дефектот се наведуваат НАТО маневри, пишува австриски „Курир“, наведувајќи дека со дефектот дошло до опасна ситуација на небото над Австрија, бидејќи повеќе не било можно да се гарантира безбедноста за околу 4.000 прелети!
Во четвртокот од 14 часот на мониторите на „Austro Control“ исчезнаа сите авиони, а поединечни се појавувале само на кратко. Очигледно дошло до откажување на работата на транспондерите на авионите, уреди кои испраќаат податоци за висината на летот, курсот и брзината, наведува „Курир“.
„Austro Control“ го вклучила мануелниот систем, го зголемила бројот на персонал и отворила дополнителен воздушен простор, а позицијата на авионите е утврдена со помош на контакти со екипажите на авионите.
Во време на падот на системот, во Унгарија се одржувала НАТО вежба за електронско водење војна, укажува виенскиот весник, наведувајќи дека целта на вежбата била да се блокира работата на транспондерите на авионите, при што дошло до грешка, па сигналот на прекинувачот покрил половина Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


