
Попладенево се запали патничко моторно возило на улицата „Мите Богоески“ во близина на општина Охрид. Со брза и професионална интервенција на екипите на Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот за кратко време е изгаснат.

Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот, како и висината на настанатата материјална штета.
Извор: OhridNews
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


