
Судејќи според наградите освоени во сезоната, филмот на Бен Афлек „Арго“ има најголеми шанси да освои „Оскар“ за најдобар филм, додека Дениел Деј Луис, кој го глуми Абрахам Линколн во истоимениот филм е најсериозен кандидат за освојување на „Оскар“ во категоријата најдобар актер.
Филмот на Бен Афлек во кој се говори за спасувањето на американските заложници во Иран во 1979 година освои „Златен глобус“ за најдобар филм, а во истата категорија победи и на доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). „Арго“ е номиниран и за машка споредна улога, адаптирано сценарио, монтажа, оригинална музија, звук и монтажа на звукот. Освен „Арго“ за оскарот во категоријата најдобар филм се борат уште и „Линколн“, „Животот на Пи“, „Клетници“, „Секое зло за добро“, „Џанго Разузданиот“, „Тајна операција“ и независниот филм „Ѕверови на јужните дивини“.
Осумдесет и шест годишната Емануел Рива, која ја толкува главната женска улога во „Љубов“ веќе ја освои наградата „БАФТА“, а филмот за „Оскар“ е номиниран и во категоријата а најдобар филм, режија, најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и за оригинално сценарио. Освен Рива за „Оскар“ за најдобра женска улога ќе се борат Џесика Честејн, Џенифер Лоренс, Наоми Вотс и Кинвенсан Волис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


