| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен Меѓународниот добротворен базар во Скопје

саем

Во Градскиот трговски центар во Скопје денеска е отворен четвртиот Меѓународен добротворен базар што се организира по повод 1 Јуни – Меѓународниот ден за заштита на детето.

Повеќе амбасади и странски претставништва продаваат ракотворби и производи карактеристични за нивните држави, а собраните средства ќе бидат донирани за Посебното основно училиште „Златан Сремац“.

Базарот го отвори Ловрен Маркиќ, раководител на Секторот за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации во Град Скопје.

– Градот Скопје во своите основни постулати се грижи за унапредување, подобрување и заштита на децата  во сите полиња од општественото живеење и  токму затоа Градот Скопје веднаш ја препозна потребата за промовирање и поддршка на еден ваков настан, истакна Маркиќ.

Српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ, која е и почесен претседател на базарот, говореше за хуманитарниот карактер на манифестацијата, а истовремено се заблагодари и за помошта што Македонија им ја достави на поплавените региони во Србија и Босна и Херцеговина.

Претседателката на здружението  „Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар, Емилија Миладинова-Аврамчева посочи дека базарот четврта година традиционално се организира по повод Меѓународниот ден за заштита на децата.

– Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите, рече Миладинова Аврамчева.

На Градот Скопје и на градоначалникот Коце Трајановски им беа доделени благодарници за учеството и финансиската поддршка на базарот.

Минатата година собраните средства од базарот беа донирани во Центарот за даунов синдром, а претходната година во Посебното основно училиште „Иднина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top