
Клучот за излез од кризата е во рацете на Грција, но под услов, ако државата продолжи со програмата за финансиска консолидација. Ова го изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.
Тој наведе дека подлабоката од очекуваната рецесија на економија и високата стапка на невработенбост во Грција е поради политичката нестабилност, како и неимплементирањето на програмата за структурни реформи. Европската комисија прогнозира дека годинава рецесијата во Грција ќе биде 4,4 отсто, а економскиот раст земјата ќе има следната година, кога се очекува пораст на бруто домашниот производ од 0,6 проценти. Според прогнозите стапката на невработеност во Грција годинава ќе биде 27 отсто, а во 2014 година се очекува мал пад на 25,7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


