| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот рудник за бакар и злато „Иловица“ од 2017 ќе работат 400 луѓе

иловица

 

Канадската компанија „Евромакс рисорсис” соопшти дека резултатите од предфизбилити-студијата за рудникот за бакар и злато „Иловица” кај Струмица покажале дека проектот има економски потенцијал. Целата инвестиција ќе чини околу 500 милиони долари.

Според планот изградбата треба да почне во 2016 година, а веќе наредната година и експлоатацијата. Проектот „Иловица“ треба да вработи до 400 луѓе.

Вкупните резерви руда се проценуваат на 225 милиони тони, со содржина од 69,5 тони злато и 411 илјади тони бакар. Проектот „Иловица“ ќе има годишен капацитет од 10 милиони тони руда и годишно ќе произведува просечно по 95.000 унци (2,7 тони) злато и 16.000 тони бакар, при што животниот век на рудникот се предвидува да трае 23 години.

– Предфизибилити-студијата за проектот „Иловица“ дефинира финансиски атрактивен проект. Студијата ги потврди нашите следни чекори во развојот на проектот. Сега сме во одлична позиција да продолжиме со работа на целосната физибилити-студија, а потоа и на деталното проектирање за да ја исполниме нашата амбиција да го изградиме и да управуваме со првиот голем модерен рудник во Македонија – изјави Пат Форворд, главниот оперативен директор на „Евромакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top