
Традиционалниот концерт „Пееме до ѕвездите“ на детскиот хор „Ѕвончиња“ посветен на Тоше Проески вечер ќе се одржи во големата сала на НУ Центар за култура во Битола. Организатори на концертот се Државното средно музичко училиште од Битола, во кое Тоше го заврши средното образование и НУ Центар за култура.
Средствата од вечерашниот хуманитарен коцерт ќе бидат употребени за набавка на ново пијанино во музичкото училиште.
Покрај детскиот хор „Ѕвончиња“, кој настапува под диригентство на Марина Коруновска, ќе учествуваат и групата „Калабалак“, вокалната група „Мелодиум“ и хорот на словенечкото друштво „Триглав“ од Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


