Охридскиот градоначалник Бакрачевски е еден од Балканските политичари кои што во Париз учествува на церемонијата за одбележување на 70 години од истоварувањето на сојузничките војски на Нормандија.
Бакрачевски денеска заедно со Рускиот претседател Путин, Американскиот Обама и десетина други шефови на држави и влади и други јавни личности е дел од јубилејот кој го одбележува Денот Д, односно десантот на Нормандија во Втората светска војна.
На церемонијата покрај Путин и Обама, учествуваат и лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и Канада.
Денот Д се смета за пресвртна точка во втората светска војна по која Германија веќе ја губи контролата на состојбата во Европа а во операцијата учествувале претставници на 17 држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.