Актуелниот претседател на ДУИ Али Ахмети во едночасовен говор по изборот, Ахмети ја оцени евроатлантската интеграција на државата како врвен приоритет што ќе гарантира мир, стабилност, добри меѓуетнички односи и економски напредок.
– Значително ќе се ангажираме на септемврискиот самит на НАТО да се случат добри работи за нас. Се повлековме од една значајна точка околу употребата на јазиците за да се насочиме за овие процеси. Не сме далеку од решение и компромис околу спорот со името со Грција, но за тоа ни е потребен решавачки ангажман на меѓународната заедница и постигнување на етнички консензус со нашите партнери во земјата- изјави Ахмети.
Тој го повтори нивниот предлог за консензуален претседател како можност за нова клима во меѓуетничките односи.
– Сметавме дека претседател треба да биде личност што спојува и влијае позитивно на помирувањето во општетството. За жал, ова не се случи, но пораката беше примена и од домашната јавност, од Вашингтон и од Брисел дека Албанците сакаат оваа земја да оди напред и да живее во внатрешна хармонија, што ќе значи дефинитивно помирување на двете најголеми заедници, Македониците и Албанците- додава Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ахмети: Денко Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!