| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана новата Единица за јавен ред и мир и за интервенции

Вкупно 207 припадници на специјалните единици ја сочинуваат новата Единица за јавен ред и мир и за интервенции, која денеска ја промовираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

edinica

Министерката Јанкуловска истакна дека годинава има позитивен тренд во однос на намалувања на јавниот ред и мир на подрачјето на Скопје. Во првото тромесечје од 2014 година регистрирани се вкупно 325 прекршоци, за разлика од истиот период минатата година кога биле регистрирани 830 прекршоци во делот на јавниот ред и мир. А задчата на новата Единица за јавен ред и мир и за интервенции ќе биде да го задржи тој позитивен тренд.

– Единицата за јавен ред и мир и за интервенции ќе се грижи околу одржувањето на јавниот ред и мир на јавни собири од сите видови, почнувајќи од спортски и културни манифестации, најавени и ненајавени собири на граѓани и други форми на незадоволства на граѓани искажани преку организирани или неорганизирани јавни собирања. Оваа единица ќе има за задача да врши и редовни полициски работи на територијален принцип со покривање на руралните подрачја на полициските станици од општа надлежност при СВР-Скопје, како и во урбаните средини со мотопатролни служби и со пешачки патроли – рече Јанкулоска.

2edinica

Оваа единица, како што нагласи таа, е со посебна внатрешна организација, односно хиерархиска поставеност и истата е опремена со специјална опрема за одржување и воспоставување на јавниот ред и мир и извршување на други посложени безбедносни задачи.

Основната задача на Единицата за јавен ред и мир и интервенции е заштита на животот и имотот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top