Исламисти убија десетици цивили во три села во североисточна Нигерија. Нападите се дел од речиси секојдневното насилство на радикалната исламистичка група Боко Харам.
Екстремистите упаднале со камиони во трите села во близина на границата со Камерун и почнале да пукаат врз локалните жители и опожариле куќи и цркви. Десетици луѓе се убиени во трите села во реонот Гвоза, главен бастион на Боко Харам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


