Девет лица се повредени,од кои петмина потешко, кога брод за туристички прошетки по Темза, удри во еден од носачите на „Тауер Бриџ“ еден од главните атракции на Лондон.
Во моментот на сударот,на бродот имало 130 луѓе,од кои 126 биле домашни и странски туристи.
Засега не е познато која е причината што бродот не поминал меѓу двата столба,туку удрил во еден од него,но пловилото не е тешко оштетно од сударот.
Веднаш по инцидентот,бродот продолжил до блискиот док каде на повредените патници им е укажана лекарска помош,а потешко повредените се префрлени во блиските болници.
Според објаснувањето на патниците,сите повредни се оние кои стоеле и кои при ударот во камениот носач на мстот паднале и удриле со главата во делови од бродот.
Најтешко е повредена една 65-годишна жена која има сериозни повреди на главата. Полицијата и претставници на речната полиција се најдоа на местото на инцидентот, но засега никој не е уапсен. Бродот има мали оштетувања и веднаш беше повлечен од сообраќај и испратен на детално испитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.