| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ и ДПА вметнуваат Македонци во листите за да ја добијат Струга

dui dpa Шансата за победа ДУИ И ДПА на овие локални избори ја гледаат во вметнување Mакеодoнци на водечките позиции од сопствените советнички листи жртвуваќи ги албанските кандидати, велат од Невладината организација Каприкорн 2010. Според нивните анализи македонските муслимани кои ги одлучуваат овие избори се цел на сите политички субјекти во Струга.

– Пресудни ќе се гласовите на жителите од селата Лабуништа, Подгорци и Октиси. ДУИ и ДПА за успешно да им се додворуваат на овие гласачи дури и ги жртвуваа местата на советничката листа кои беа предвидени за нивните активисти кои со години се докажуваат со своите партиски активности, а во случајов нивните заслуги ќе одат на сметка на трети лица. Стружани се прашуваат дали на следните избори ДУИ и ДПА можеби ќе кандидираат Македонец како кандидат за градоначалник, само за да дојдат на власт“, вели Васко Јолески, претседател на Каприкорн 2010.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top