| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен базар в сабота во ГТЦ

10442542_10152487935546354_5022985162374750309_n

По повод 1 јуни Меѓународниот ден за заштита на детето, центарот „Добредојде“ – Македонија („Dobredojde“ Macedonia Welcome Center – DMWC) заедно со странските амбасади во Македонија и македонската бизис заедница, четврта година по ред го организираат традиционалниот Меѓународен добротворен базар.

Тој ќе се одржи в сабота од 11 до 16 часот во Градскиот трговски центар, на приземјето.

Средствата од Меѓународниот добротворен базар 2014 ќе бидат наменети за Посебното основно училиште „Златан Сремац“. Минатата година средствата беа донирани во Центарот за Даунов синдром, а Базарот од 2012 година беше посветен на Посебното основно училиште „Иднина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top