| четврток, 6 декември 2018 |

Три деца со пресечени грла најдени во Франција

Три деца, на возраст од 9, 11 и 17 години, со пресечени грла се најдени во Франција. Телата на децата се најдени во нивната куќа, а полицијата трага по нивната мајка. Таткото на жртвите,

лекар по професија, ги пронашол своите мртви деца кога се вратил од работа.

„На децата им се пресечени гркланите, но се уште ги чекаме форензичките извештаи”, велат од полицијата.

Телата на деветгодишното девојче и нејзиниот две години постар брат се избодени повеќе пати. Кога стигнала брзата помош, 17-годишното момче се уште давало знаци на живот, но починало од повредите здобиени од нож.

Убиствата се случиле во приградската населба Дампмарт, 30 километри источно од Париз. Таткото е најден во состојба на шок, а лекарите му пружиле помош.

„Активно трагаме по мајката”, вели извор од обвинителството.

Детективите изјавиле дека двојката имала брачни проблеми, но не се знае кој е убиецот, ниту мотивот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top