| четврток, 6 декември 2018 |

Шансите за заздравување на Шумахер се минимални

Поранешниот лекар во Формула 1 доктор Гери Хартштајн смета дека шансите за заздравување на седумкратниот шампион Михаел Шумахер се многу мали.

Шумахер веќе шест месеци е во кома, по тешката повреда на главата која ја доби на скијање во Франција.

– Шансите за заздравување по шест месеци поминати во кома се минимални, би било чудо доколку личноста која една година била во вегетативна состојба да ја врати свеста – тврди Хартштајн.

Шумахер е во кома од 29. декември, откако падна на скијање во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top