| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Разликата е во прецизната програма која ние ја имаме, наспроти голата реторика

Macedonian Prime Minister and leader of the biggest ruling party VMRO Nikola Gruevski speaks during an interview with Reuters in Skopje

Неповлекувањето на Заев не ме изненади бидејќи тој тоа го најави уште во  кампањата. Јас и тогаш кажав што мислам, а тоа мислење е непроменето. Како партија да баравме не можеше да најдеме подобар противкандидат од Заев, и тоа го кажав ни најмалку со желба да го потценам, туку едноставно поради разликата на начинот на функционирање и вредностите и принципите до кој држи едната и другата политичка опција, вели Груевски во интервју за МИА.

– Разликата која се гледа во прецизната програма која ние ја имаме, наспроти голата реторика и немањето на програма во СДСМ, во минатото и аферите кои се провлекуваат зад нивната работа и чесниот труд и вложувања кој се дел од нашите залагања и работење. Едноставно направете анализа што се сѐ нудеше и зборуваше на митинзите и што ние понудивме. Толку мала и слаба понуда, со толку многу навреди, клевети, црнила и манипулаации кон противникот, кон нас, наспроти 2046 многу конкретни и реални проекти.  Таков ли човек планира да ја води државата. На крајот што и како мислат граѓаните се покажа на изборите. Тие во огромно мнозинство се одлучија за проекти и програма, за принципи и вредности, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top