Неповлекувањето на Заев не ме изненади бидејќи тој тоа го најави уште во кампањата. Јас и тогаш кажав што мислам, а тоа мислење е непроменето. Како партија да баравме не можеше да најдеме подобар противкандидат од Заев, и тоа го кажав ни најмалку со желба да го потценам, туку едноставно поради разликата на начинот на функционирање и вредностите и принципите до кој држи едната и другата политичка опција, вели Груевски во интервју за МИА.
– Разликата која се гледа во прецизната програма која ние ја имаме, наспроти голата реторика и немањето на програма во СДСМ, во минатото и аферите кои се провлекуваат зад нивната работа и чесниот труд и вложувања кој се дел од нашите залагања и работење. Едноставно направете анализа што се сѐ нудеше и зборуваше на митинзите и што ние понудивме. Толку мала и слаба понуда, со толку многу навреди, клевети, црнила и манипулаации кон противникот, кон нас, наспроти 2046 многу конкретни и реални проекти. Таков ли човек планира да ја води државата. На крајот што и како мислат граѓаните се покажа на изборите. Тие во огромно мнозинство се одлучија за проекти и програма, за принципи и вредности, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии



