По 4 години верувам дека ќе имаме уште посилна поддршка од народот отколку на последните избори. Борбата против криминалот и корупцијата ќе биде немилосрдна, жестоко ќе се бориме да најдеме решение за многу нерешени прашања и тоа ден порано, ќе работиме уште повеќе отколку до сега, ветува премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА.
– Гледам со години зборат дека ќе формирале влада во сенка. Абер немаат. Ако вака продолжат со одолговлекување, незвисно дали ќе бидат надвор од Парламентот или внатре во него, ќе размислиме ние, ВМРО-ДПМНЕ да направиме влада во сенка што би било многу невообичаено, но со вакви опозиционери, можеби и тоа ќе биде потребно. Деновиве следува нов оглас за пројавување интерес со цел привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и дијаспората, независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, кои ќе треба да ги пополнат испрзнетите функционерски места или оние на кои им завршуваат мандатите до следната пролет. Ќе се засилиме со нова свежина со нови сили. Нема назад, само напред. Тоа е мојот план. Тој е многу поразличен од оној на СДСМ, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски