| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Македонија не ги исполни задачите од ЕУ

sdsm1233311

СДСМ смета дека одговорноста за евентуално губење на препораката за преговори на Македонија со ЕУ е кај власта, а не кај опозицијата.

Според Радмила Шекеринска, потпретседател на СДСМ, не е извршена  ниту една од задачите што произлегоа од заклучоците на Советот на ЕУ од декември  минатата година за владеење на право, независно судство, борба против корупција и организиран криминал, слобода на изразувањето, одвојување на државата и партијата.

– Од статус на земја кандидатка за Европската унија, рамо до рамо со Хрватска, Македонија по 8 години е на дното на регионот, зад Србија и Црна Гора, на рамниште со БиХ и Косово, наведе денеска на прес-конференција Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top