
Еден од најамбициозните архитектонски проекти во светот, градот кој плови на море наскоро треба да стане реалност.

Нацртите за овој футуристички град ги направи компанијата чие седиште е во Лондон, „АТ Дизајн офис“, а за проектот е заинтересирана големата кинеска инвестициска компанија „Чајна транспорт инвестмент Ко“, која е подготвена да ја тестира можноста за изградба на овој, засега прв и единствен градски систем.

Подземниот дел од градот би бил составен од повеќе делови, таканаречени модули, кои би биле поврзани со подводни тунели. Градот е замислен да се самоодржува, со производство на храна и соларна енергија на површината, како и сопствено пристаниште.

Планирана е изградба на луксузни хотели, ресторани и други објекти.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


