Во мај на Клиниката за инфективната болести помош побарале 111 граѓани каснати од крлеж. Каснувањето кај ниту еден пациент не предизвикал компликации, ниту некое посериозно заболување, велат лекарите. По прегледот во амбуланта сите пациенти биле пуштени на домашно лекување, објави „Здравство24“.
Лајмска болест, хеморагични треска и воспаление на мозокот се дел од болестите кои може да се пренесат преку крлежите. Но, според инфектолозите, не секое каснување значи и пренесување на болест. Лекарите предупредуваат крлежите да се вадат во медицинска установа.
-Многу е важно да не се вадат дома сами не стерилни средства кои може дополнително да предизвикаат друга инфекција. Понекогаш се обудуваат сами да го вадат крлежот, но главата на крлежот ќе остане и ако има инфекција тоа може да предизвика дополнителни компликации – вели д-р Наунова Јовановска.
Доколку овој период се движете по паркови и шуми за да се заштитете од крлежи треба да носете долги панталони и облека со долги ракави за да останат што помалку откриени делови од телото. Доколку се случи по каснувањето дел од крлежот да остане во телото, најпрепорачливо е да се оди во најблиската ординација и да го извади стручно лице.
Местото каснато од крлеж треба да се следи околу еден месец и ако се јави црвенило, веднаш треба да се оди на лекар. На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.