Гевгелиските советници, на предлог од градоначалникот Иван Франгов, донесоа одлука да се додели солидарна парична помош во висина од 450.000 денари на жителите од регионите кои претрпеа најголеми штети од поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Според одлуката, на сметка на организациите на Црвениот Крст на трите држави ќе бидат уплатени по 150.000 денари.
Покрај ова, во хуманитарната акција што се одвиваше до крајот на месец мај во организација на Општина Гевгелија и општинскиот Црвен крст граѓаните и фирмите донираа преку 20 тони храна, обувки, облека, ќебиња, бебешка храна, флаширана вода за пиење и парична помош што веќе пристигна во најзагрозените подрачја од поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Две години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ