| четврток, 6 декември 2018 |

Роби Вилијамс во Загреб

Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс на 13 август ќе одржи концерт на стадионот “Максимир” во Загреб. Поранешниот член на тин-атракцијата “Тејк дет”, кој сега гради самостојна кариера, во хрватската метропола доаѓа во рамките на својата европска турнеја Take The Crown.

Низата концерти на стадиони, на кои го промовира својот нов албум, почнува на 19 јуни во Манчестер.

– Многу сум возбуден што годинава повторно настапувам во живо. Минатите концерти ме потсетија колку е посебно чувството да се изведуваат своите нумери пред многубројна публика. Сето тоа е придружено со возбуда и адреналин што го дава настапот во живо. Доаѓаме, Загреб 2013 – изјави Роби во пресрет на турнејата.

Kариерата ја почна како член на една од најуспешните британски поп-групи – “Тејк дет” во 90-тите години. Најголема популарност постигна како соло-пејач соборувајќи многу музички рекорди поврзани со концертите и турнеите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top