Во Македонија доаѓаат германска и американска компанија, кои ќе инвестираат во некоја од слободните зони. Виктор Мизо вели дека во јуни ќе има посети од повеќе компании, кои се пред конечната одлука да стратуваат со изградба на фабрика. Во разговорите со Владата речиси сите потврдиле дека производството во индистриските зони ќе треба да го стартуваат најкасно до крајот на следната година, пренесува „Сител“.
– Почнувајќи од утре веќе имаме конфирмирано голем број посети во рамките на јуни на компании, пред сè, од Германија, САД и од Италија. Со тие компании веќе подолго време сме во контакт и тие доаѓаат за да извршат последна анализа на Македонија бидејќи во периодот, некаде до крајот на летото треба да се донесат конкретни одлуки за започнување на инвестициски проекти, бидејќи сите овие компании имаат потреба да имаат функционални компании до крајот на 2015 година. Во следниот период ќе се работи на реализирање на инвестициите кои беа најавени во изминатите три месеци. Тука пред се би ги споменал КСС во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид, италијанската компанија Тијатек во Скопје, како и инвестицијата на турско-кинесксата компанија ВЕИБО во Ранковце – изјави Мизо.
Во првиот квартал од годинава во државава вложен бил странски капитал тежок 87 милиони евра, што е за 10 милиони повеќе споредено со истиот период лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



