Шампионот МЗТ Скопје ја врати предноста во финалната серија за титулата во домашното првенство и со победа од 95-80 води со 2-1 против вечниот ривал Работнички.
На МЗТ Скопје сега му треба само упте еден триумф за хет-трик, односно за трета домашна титула по ред.
Стефан Синовец вечерва играше извонредно и со 23 поени го предводеше актуелниот првак до важна победа. Рамо до рамо со него беше и Цветковиќ со 18 поени, додека во поразениот табор најмногу поени, по 14 постигнаа Мираковски и Кнежевиќ.
Следниот четврти дуел од финалето што се игра до 3 победи ќе се игра во вторник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


