Република Македонија долгорочнo и активнo придонесува во рамките на ИСАФ мисијата, во изградбата на безбедноста и севкупниот развој на Авганистан и ние подготвено ќе учествуваме во транзицијата на одговорноста за безбедноста на Авганистан во рацете на авганистанскиот народ, рече македонскиот министер за одбрана, Талат Џафери на состанокот на министрите за одбрана на НАТО-земјите со министрите за одбрана на земјите-учеснички во силите ИСАФ, во седиштето на Алијансата во Брисел.Во контекст на учеството на Македонија во мисијата по 2014 година, Џафери истакна дека „ние остануваме доследни на девизата на НАТО, „заедно внатре – заедно надвор“ и дека и по 2014 година ќе продолжиме да придонесуваме кон остварувањето на заедничката цел – безбеден, демократски и просперитетен Авганистан“.
На маргините на состанокот, како негово прв настап како министер, Џафери се сретна со поголем број министри за одбрана на земји-членки и земји-партнери на Алијансата, меѓу кои и со секретарот за одбрана на САД Леон Панета, со заменикот генерален секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу и со командантот на Здружената врховна команда за Европа, адмиралот Џејмс Ставридис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


