| четврток, 6 декември 2018 |

Колку фејсбук статуси се објавуваат за 60 секунди…

internet500
Една минута во реалниот живот и на интернет не е исто, а во тоа ќе се уверите откако ќе ги прочитате фактите во продолжение. Доколку често сте на интернет „онлајн“ сигурно барем еднаш сте се прашале на пример колку пребарувања на Гугл или колку постови на Фејсбук има во одреден временски интервал.

Верувале или не, еве што се случува на интернет за 60 секунди.

-Се праќаат 204 милиони е-маил пораки

-Фејсбук корисниците објавуваат 2.460.000 постови

-На Твитер се поставуваат 277.000 твитови

-Гугл добива над 4 милиони прашања

-Амазон заработува 83.000 долари

-ЈуТјуб прикачува 72 часа видео материјал

-Корисниците на ВатсАп разменуваат 347.222 фотографии

-Инстаграм е побогат за 216.000 нови слики

Дали мислевте дека толку многу информации може да се разменат за само 60 секунди?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top