20 годишната А.Д. од Куманово вчера му соопштила на сопругот М.Д. (27) дека повеќе не сака да живее со него и дека ќе си замине кај нејзините родители. Тогаш кумановецот ја претепал со клоци и тупацини и се заканил дека ќе ја убие ако направи такво нешто. Жената да спаси жива глава морала да му вети дека ќе остане, но заминала веднаш откако сопругот излегол од куќата, а случајот го пријавила во полиција.
М.Д. бил приведен во кумановската полиција, но по разговорот во основното јавно обвинителство бил пуштен на слобода.
Со намера да ги расчисти сметките, кумановецот утрово околу 9 часот отишол во куќата на родителите на неговата сопруга и веднаш почнал да ја тепа жена му и да ја боде со нож. Мајката на жртвата се обидела да ја спаси од разулавениот кумановец, но и таа добила неколку убоди во раката по што излегла од собата да побара помош од нејзиниот сопруг. Тогаш насилникот избегал од куќата, а жената била пренесена во болница каде што биле констатирани 20 убоди од нож во градниот кош. Од кумановската болница е префрлена во Ургентниот центар во Скопје каде што е во животна опасност.
М.Д. бил познат сторител на кривични дела за што СВР Куманово му има поднесувано кривични пријави за “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, “прикажување на порнографски материјал на малолетник“ и “тешка кражба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


