Педесет и четири годишниот М.М. од скопско Батинци синоќа бил нападнат во близина на ресторанот „Бела“.
Од полицијата информираат дека М.М. го нападнале три лица, при што едниот го удрил со камен по главата.
Од ударот скопјанецот добил крварење во мозокот, по што итно бил пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување.
Полицијата трага по напаѓачите и работи на целосно расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


