| четврток, 6 декември 2018 |

Лила, Весна Бејби, Ирена… сите против смената на Вера Јанковиќ од Макфест

vera jankovic

Весна Петрушевска, Лила, Ирена Спировска… јавните личности со поддршка на Вера Јанкович, водителката на Макфест, која годинава нема да биде дел од Макфест. Идејата на одборот на фестивалот беше на бината во улога на водители да застанат таа и водителката и модел Марјана Станојковска. Јанковиќ децина – нема да бидам хостеса на Марјана.

-Подршка за Вера Јанковиќ за водител на Макфест 2014 , ако некој беше препознатлив на таа сцена беше таа , полна со живот и позитивна енергија .Навистина не ја разбирам потребата и намерата. Бејб те сакам и најдобра си! – напиша Весна Бејби Петрушевска.

ешко дека некој некогаш ќе биде достојна замена за Вера за Макфест. Посоодветен водител за Макфест од Вера едноставно нема: препознатлива, оригинална, шармантна и најважно од се, офличен познавач на музиката – напиша Ирена Спировска.

Во „случајот” Макфест не е битно кој ќе биде на местото на Вера…дали Петко,Станко или некој трет…боли начинот на кој сето тоа е изведено…без нималку достоинство, поќит и благодарност кон дамата која му даде свој печат и и една посебна енергија на овој фестивал…ќе казам само Вера Јанковиќ ова навистина не го заслужи – напиша Лила.

 Вера Јанковиќ цели 14 години ги запознаваше младите генерации преку интересен непосреден водителски дух во светот на македонската музика.

Добровечер Македонијо, каде и да си, добровечер до сите мои драги пријатели и поклоници на ликот и делото на DJeneral Jankovic, Вера Јанковиќ:))))
Ова е и официјално известување по повод моето заминување од водителската позиција на Макфест. Сочувствував со таа сцена, се обраќав на широкиот аудиториум, прва, како ревносна домаќинка и го пренесував на јавноста ЗВУКОТ од работилницата на стожерот изминативе 29 години.. Традиција која траеше до неодамна,за жал. Брендот Макфест изроди едно чудо брендови меѓу кои сум и јас. Му благодарам. Имав неповторлив учтел-некогашниот директор Стојан Троицки, го имав опкружуваљето со битните музички имиња кои и впрочем го удрија пејачкиот, печатот, творечкиот, оној на македонскиот пеан збор. Промени се неминовна појава-но онакви, на повисоко ниво,во чекор со созреаните услови за такво нешто!!!!
Се менува се овој пат..вие ќе оцените како, следната недела.
Ми беше понудено и наметнато да известувам од бекстејџот на фестивалот…!!!!!
Не се препознавам себеси таму и не дозволувам насилно да ми биде одземена титулата водител и сценарист на Макфест!!! Моето место е на сцената,очи во очи со публиката, не позади неа.
Останувам горда и доследна на сето она што го произведов на сцената со изминативе 14 години.Титулата ВОДИТЕЛ си е вечна,никој барем не би можел да ја избрише во сеќавањата,колку и да сака да го направи тоа. Се разбираме, знам и почитувам.
Факт мака е голема..та имало и поголеми..но спремна како и секогаш,со месеци порано, до последен детал од фестивалската приказна:)))
Секое издание ми било како новороденче,чисто,невино,спремно да писне кога ќе излезе на свет.Ќе има уште,та што не било:)))
Ќе се соземам, ќе бидам мудра не споменувајќи имиња и ситуации..непотребно.
Макфест можеби е на продажба. Никако на распродазхба.
Затоа сакам со време да бидете информирани што се случува…ќе се префрли топката па можеби ќе се злоупотреби мојата искреност и директен пристап, како и секогаш.
Прифаќам само едно-ИЛИ НА СЦЕНАТА или на никаква друга позиција,Сето останато ќе го разберам како можност некој да манипулира со ликот и делото на ВЕРА Јанковиќ.
Си ја сакам професијата.
Благодарам однапред за посветеното време и внимание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top