| четврток, 6 декември 2018 |

Четврто финале во низа за Мајами

Кошаркарите на Мајами се пласираа во финале по четврти пат во низа во откако, во шестиот натпревар на источната конференција, на гостувањето во Индијана ги прегазија Пејсерс со 117-92 и ја завршија серија со резултат 4-2.

Ова е прв пат од средината на 80-тите години, еден тим од истокот да направи ваков успех, последен пат тоа го направи Бостон Селтикс (1984-87).

Леброн Џејмс натпреворот го заврши со 25 поени, колку што имаше и Крис Бош, додека 13 постигнаа Двејн Вејд и Рашад Луис.

Кај Индијана најефикасен беше Пол Џорџ со 29 поени, додека 16 постигна Дејвид Вест.

Мајами сега чека на подобриот од западната конференција меѓу Сан Антонио и Оклахома, каде Спарс водат со 3-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top