Автомобилскиот гигант Форд ќе отвори нови 450 работни места и ќе вложи речиси 200 милиони долари во фабриката за мотори во Охајо. Очекувањата им се дека двојно ќе ја зголемат продажбата на енергетски ефикасни мотори „EcoBoost“. Овие двoлитарски мотори, продавани на пазарот во Северна Америка, порано се произведуваа во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија.
„Новата одлука нема да влијае на бројот на вработени во постоечката фабрика во Валенсија, каде што дел од работниците ќе бидат преселени од фабриката за мотори во монтажниот сектор“, со цел да се исполни зголемувањето на производството на одредени модели на автомобили, наведуваат од компанијата.
Форд годинава планира да го зголеми глобалното производство на „EcoBoost“ моторите на 1,6 милиони, што е за 100.000 мотори повеќе од претходниот план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании


