| четврток, 6 декември 2018 |

Киев почна да го отплатува рускиот гас

гасоводКиев исплатил дел од долгот за гас кон Москва по заедничките разговори со ЕУ, соопшти комесарот за енергетика Гинтер Етингер. Извештаите покажуваат дека Газпром добил 786 милиони долари од побарувањата од 3,5 милијарди долари.

Русија најави дека преговорите ќе продолжат само ако парите стигнат до Газпром до понеделник. Компанијата пак во меѓувреме ја покачи цената за гас кон Украина за 80 проценти.

gas plinНа почетокот на мај, рускиот претседател Владимир Путин прати отворено писмо со кое бараше од јуни годинава Украина да плаќа однапред за гасот, додека Гаспром се закани дека доколку не плаќа од напред, ќе го сопре енергенсот кон Украина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top