| четврток, 6 декември 2018 |

Скршени еврејските гробишта во Солун; Стои ли Златна зора зад вандализмот?

.
Непознати вандали ги осквернавиле еврејските гробишта во Солун, Грција. Вандалството го потврдила и полицијата, која додава дека се скршени мермерните надгробни споменици на 12 гробови. Шефот на дипломатијата Евангелос Венизелос вети дека полицијата „ќе стори се шѓто е можно“ за да ги уапси вандалите.

Лидерот на еврејската заедница во Солун Давид Салетил за странските агенции рекол дека скршените гробови ги видел во четвртокот наутро. До почетокот на втората светска војна во Солун живеела најголемата еврејска заедница во ГРција. Нацистичките сили депортирале во логорите најголем број од проценетите 50 илјади Евреи.

Шест децении подоцна антисемитизмот се уште е жив во Грција, каде неонацистичката Златна зора најде плодна почва пред неколку години. Лидерот тврдеше дека концентрациските логори не користеле печки и гасни комори за масовни убиства на еврејските затвореници за време на холокаустот.

Грчката еврејска заедница го крена алармот по изборот на неонацистичката Залтна зора во  Парламентот и предупредуваше на враќање на фашизмот. Грчките власти почнаа истрага за партијата што заврши со затворски пресуди за нејзини членови.

Сепак, на последните избори Златна зора ја претставува Грција и во Европскиот парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top