| четврток, 6 декември 2018 |

„Да ви биде крвав Велигден“- Обвинителството го толкува убиството кај Смиљковско езеро

monstrum-630x295Обвинителството побара најстрога казна за обвинетите за масакрот кај Смиљковското езеро кога пет млади момчиња беа убиени со 21 куршум. Во завршните зборови во случајот „Монструм“, обвинителството ја толкуваше пораката која се сакало да се постигне со ова убиство. „Пукаме на Велики Четврток, за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата. Пукаме во млади машки момчиња, за да ви ја уништиме нацијата. За да ви ја уништиме иднината на државата.

Според обвинителството, обвинетите намерно избрале пет млади Македонци во кои испукале 21 куршум, додека сведоците кои се нашле на местото на настанот, а кои што биле пуштени да си одат не биле Македонци. Исто така, според обвинителството, во прилог на оваа теза оделе и содржините со националистички пораки кои биле најдени во компјутерите на обвинетите, додека прегледите на нивната меѓусебна комуникација ги лоцирале токму на Смиљковското езеро ноќта на масакрот. Како доказ претходно беше приложен и огласот за продажба на црвена „опел омега“ која беше најдена во близина на местото на повеќекратното убиство, а во автомобилот имало и траги од земјата кај езерото, како и траги од пот на еден од обвинитетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top