| четврток, 6 декември 2018 |

Мараја Кери се враќа со нова песна

mariah-carey-almost-home-snippet-first-listen

Дамата со прекрасен глас Мараја Кери на своите обожаватели им го нуди новиот сингл наречен „Almost home“.

Станува збор за песна која е дел од музиката за филмот „Oz The Great and Powerful“ на студијата „Дизни“.

Инаку, Мараја се подготвува да ја прослави во Дизниленд и годишнината од бракот со Ник Кенон. Ѕвездената двојка која стапи во брак на 30 април 2008 година, ќе го посети забавниот парк, за да ја одбележи годишнината на „магичен начин“. Дел од забавата секако ќе бидат и близнаците Мароко и Монро, кои ќе го прослават својот втор роденден на истиот датум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top