Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека кризите во Сирија и во Украина се вештачки создадени со цел да дојде до смена на властите во тие земји.
Кризите во Сирија, Либија и Украина се создадени за режимите во нив да се променат и затоа е неопходно да се најдат начини за нивно надминување, рече Лавров во разговорот со својот словенечки колега Карл Ерјавец, пренесе ИТАР-ТАСС.
– Неопходно е, рече Лавров, да се запре насилството и да почне дијалог, без никакви предуслови.
Истовремено, Москва денеска го повика Киев на разговори за испораката на хуманитарна помош за украинското население, на кое таа помош му е очајно потребна, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
Руско министерство испратило допис до украинското Министерство за надворешни работи, во кое ги информира властите во Киев дека населението и организациите во источна Украина бараат итна хуманитарна помош, пред се, лекови, се наведува во соопштението.
Руското Министерство потврди дека Русија е подготвена да ја обезбеди неопходната помош за населението во источните региони.
Украинското министерство вчера соопшти дека е подобро Москва да се фокусира на бројните барања за хуманитарна помош за населението на Крим, на што руското министерство одговори дека таквото соопштение е цинично, наведе ИТАР-ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)