| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона нуди 38 милиони евра за Агуеро

Барселона имаше скромна сезона, остана без трофеј на три фронта, па раководството на клубот тргна по засилувања во летниот период, а главна цел ќе биде да се ангажира врвен напаѓач. Серхио Кун Агуеро е прв на листата и Каталонците за него му нудат на Манчестер сити 38 милиони евра.

Агуеро е еден од најдобрите шпицови на планетата и аргентинскиот репрезентативец ако трансферот се реализира би бил вистинско засилување за Барселона. Во сезоната што заврши Кун постигна 28 гола во 34 натпревари. Сити му плати 45 милиони евра за Агуеро во 2011 година, а според британските медиуми, сега бара точно 50 милиони евра за да го продаде 25-годишниот Аргентинец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top