
Обвинителството ги даде завршните зборови во судскиот случај „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.
Обвинителката Гешковска рече дека завршните зборови на обвинителство ќе бидат кратки како што беше и животот на убиените момчиња и брзи како што завршил нивниот живот, објави „24Вести“.
Сите од обвинетите негираат дека се виновни, но никој не изразил сочуство на семејствата на убиените ниту, пак, го осудил делото.
Тешки зборови и грозни мисли се слушнаа денес во судницата. Телевизијата „24Вести“ пренесе дел од пораката, според обвинителството, од убиството кај Смиљковско Езеро.
„Не е случаен денот Величетврток 12.4.2012 година кога се случи убиството кај Смиљковци. Намерата била да се убијат само машки млади лица од македонска христијанска националност.
Пораката е – пукаме на Величетврток за да ви биде крвав Велигден. За да ви ја уништиме верата. Пукаме во машки млади луѓе за да ви ја уништиме нацијата. Пукаме во иднината на државата“.
Целта, како што рече обвинителката Гешковска, е да се предизвика чувство на несигурност. За да не се повтори таа побара најстроги казни за обвинетите, пренесе телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“


