Кризите во Сирија и во Украина беа вештачки создадени со цел смена на властите во тие земји, изјави во Москва рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба со неговиот словенечкиот колега Карл Ерјавец.
– Сега во преден план излегуваат најтешките кризи, создадени на спорен начин во Сирија, Либија, Ирак. И во Украина мотивите се истите – смена на власта. Треба да се бараат начини за нивно решавање и главно вниманието треба да се насочи кон прекин на насилството и сите да започнат дијалог без претходни услови – рече Лавров.
Лавров со Ерјавец ќе ја разгледа примената на патоказот на ОБСЕ за прекин на насилствата во Украина.
Според шефот на словенечката дипломатија, Словенија позитивно гледа на неодамнешните претседателски избори во Украина.
-Новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека ќе вложи напори за обновување на дијалогот, тоа внесува оптимизам. Знам, дека вие сте заинтересиеани од таков пат на дијалогот – рече Ерјавец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Лавров: Уште еднаш им велам на колeгите од САД – не си играјте со оган
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија



