| четврток, 6 декември 2018 |

80 млади лидери по третпат ќе се едуцираат во Македонија

Република Македонија по третпат е домаќин на летната школа „Институт за подготовка на глобални лидери“ на која ќе земат учество 80 млади лидери од 40 земји од целиот свет.

lideri-500

Еминентни предавачи од областа на политичка комуникација и лидерство, дипломатија, бизнис администрација и граѓански активизам од земјава и странство ќе ги обучуваат идните генерации за ефикасно и етичко глобално лидерство.

-Среќни сме што трета година по ред ја организираме меѓународната ПГЛ летната школа токму во Македонија. Како изминатите две години така и оваа имаме учесници од целиот свет кои сакаат да добијат знаење и стекнат вештини кои ќе ги применат по враќањето во своите земји. Институтот ги следи своите алумни кои веќе бележат успеси на глобално ниво, а нивниот лидерски потенцијал е препознаен од многубројни меѓународни организации и транснационални корпорации. Ексклузивната програма за сеопфатно лидерство ќе ја реализираат реномирани меѓународни предавачи кои се и лични советници на влади, кралства и интернационални бизнис комори. Повикот за аплицирање е отворен до 23 јуни на веб страната http://pglinstitute.org/, вели Ивана Стојаноска, Директор за стратешки иницијативи на Институтот за подготовки на глобални лидери.

Институтот се организира со цел да се подготват идните млади лидери да размислуваат глобално и заеднички да делуваат за меѓународна кохезија и развој. Според мониторингот кој го прави Институтот се констатира дека изминатите две години учесниците од целиот свет веќе активно ги реализираат своите иницијативи и успешно ги насочуваат младите во своите земји.

Летната школа е организирана од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни иницијативи „ТРЕТ МИЛЕНИУМ“, и ќе се одржи во градовите Струга, Битола и Скопје, од 12 до 24 август, 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top