| четврток, 6 декември 2018 |

ЕБОР: Три милијарди евра штети од поплавите во Србија и во БиХ

poplave-srbija-tanjug-610x406

Минатонеделните поплави на Балканот предизвикаа директна штета од околу три милијарди евра, што може негативно да влијаат на економскиот пораст, како и да придонесе за зголемување на инфлацијата, соопшти Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Според првични груби процени на Банката, Србија претрпела директни штети од 1,5 до 2 милијарди евра, а Босна и Херцеговина од 1,3 милијарда евра.

Поплавите нанеле значителни штети во земјоделството, кое учествува со 10 проценти вод  домашниот бруто-производ на Србија и шест проценти во БДП на БиХ. Очекуваните загуби во оваа сфера се стотици милиони евра.

Сериозно се погодени и производството на електрична енергија и рударството во Србија, додека поплавите нанесоа оштетувања на транспортната инфраструктура на двете земји, наведува ЕБОР.

Последиците од поплавите може дополнително да ги забават реформите во двете држави, предупредува банката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top